Бизнис Екосистем
37+ Бизнис алатки
30 дена бесплатен тест период
ДигиталенКоплетенСè-во-едноЕфикасен Екосистем за вашата фирма
Вработени (HR)
Производство
Работни часови
Набавки
Интегрирана Е-пошта
REST API Интеграции
Замислете цел екосистем од бизнис алатки
Без трошоци за имплементација и без сложени процедури - инсталација со еден клик. Добивате сè со една претплата од 900 ден/мес.
Изберете ја вашата дејност
Се уште користите Excel табели за вашиот бизнис? Како да е 1998 год.


Транспарентни цени без скриени трошоци.
Комплетен систем за менаџирање по пристапна цена.
Моторот на македонските компании
Автоматизирајте го секој чекор Погледнете ги сите модули
Често поставувани прашања
Што е Ecosystem и како ќе му помогне на мојот бизнис?
admin2026-02-12T09:34:04+00:00Ecosystem е комплетна алатка за менаџирање на бизнисот. Наместо вашите клучни информации да бидат распрснати низ хаотични Excel табели и разни мејлови, тука имате сè на едно место: база на клиенти, понуди, фактури, проекти, задачи, магацинско работење. Помага да го елиминирате хаосот и ви овозможува да се фокусираш на она што е најважно - растот на вашиот бизнис.
- Централизација: Имаш комплетен увид во базата на клиенти, договорите и историјата на комуникација со еден клик.
- Продажба и наплата: Креираш професионални понуди и фактури за неколку секунди, а системот сам ги потсетува клиентите кои доцнат со плаќање.
- Менаџирање проекти: Знаеш точно кој вработен на која задача работи и до каде е прогресот, без да мораш постојано да прашуваш.
- Магацин и финансии: Добиваш јасна слика за твоите залихи и профитабилност во реално време, базирана на точни бројки, а не на претпоставки.
Дали системот е достапен на македонски јазик?
admin2026-02-12T09:37:46+00:00Да. Целосниот интерфејс е локализиран на македонски јазик.
Каде се чуваат моите податоци и дали се безбедни?
admin2026-02-12T09:46:33+00:00Вашите податоци се чуваат на нашите професионални и безбедни Cloud сервери. Кога вашите податоци се на обичен компјутер, тие се изложени на физички дефекти, вируси, па дури и кражба. Со нашиот Cloud екосистем, вашите деловни податоци се чуваат на професионални сервери со напредна енкрипција и автоматски бекап на секои 24 часа. Дури и да ви се расипе лаптопот или да ви снема струја, вашите податоци се недопрени и достапни од кој било друг уред.“ „Обработката на податоците се врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Р.С. Македонија (Службен весник бр. 42/20).“
Дали можам да го користам системот преку мобилен телефон?
admin2026-03-09T15:03:57+00:00Апсолутно. Системот е целосно „responsive“, што значи дека можете да проверувате залихи, да праќате фактури или да делегирате задачи додека сте на пат, преку вашиот телефон или таблет.
Дополнително, нашиот систем нуди Мобилана Веб-апликација. Ова ви овозможува да го инсталирате Екоситем директно на почетниот екран на вашиот мобилен уред, без потреба од преземање преку продавници за апликации.
Со користење на оваа технологија, добивате -
- Брз пристап - Апликацијата се отвора веднаш преку икона на вашиот телефон.
- Работа на цел екран - Се отстрануваат прелистувачките ленти за максимална прегледност на податоците.
- Оптимизирани перформанси - Побрзо вчитување и подобра стабилност дури и при послаба интернет конекција.
- Лесна инсталација - Едноставно додавање на десктоп преку вашиот прелистувач со само неколку клика.
На овој начин, Екоситем станува мобилна алатка која е секогаш со вас, нудејќи функционалност на десктоп софтверот во формат прилагоден за вашата дланка.
Што ако ми треба специфичен модул (на пример, Магацин, Сметководство или поврзување со woocomerce)?
admin2026-02-12T10:03:29+00:00Тоа е најголемата предност на Ecosystem.mk. Нашиот систем не е „затворен“ тој е жив екосистем кој расте заедно со твоите амбиции. Можеш да почнеш со основните функции, а во секој момент во иднина, по твоја желба, можеме да го надградиме со некој од нашите напредни модули:
- Магацин и Набавки: Комплетна контрола на залихите, влез-излез на роба и автоматски налози за набавка.
- Сметководство и Финансии: Водење на комплетното сметководство и двојно книжење директно во системот.
- Човечки Ресурси: Од менаџирање на плати и годишни одмори, до регрутација на нови кадри и следење на работни часови.
- Автоматизација и Поврзување (REST API & Webhooks): Сакаш твојот екосистем да се поврзе со други апликации? Преку REST API модулот, можеме да го поврземе твојот систем со надворешни софтвери и да ги автоматизираме сите работни процеси.
- Маркетинг и Продажба: Автоматска синхронизација на клиенти од Facebook и Instagram реклами директно во твојот систем.
- Е-продавница и POS: Претвори го твојот екосистем во продажно место (POS) или целосна eCommerce продавница.
- Комуникација: Интегриран чет за твојот тим.
Твојата предност: Не мораш сега да одлучиш за сè. Кога твојот бизнис ќе биде подготвен за следното ниво, соодветниот модул е веќе тука, подготвен да биде активиран.
Дали можам да ги префрлам моите постоечки клиенти од Excel во системот?
admin2026-02-12T10:05:36+00:00Да, нудиме опција за лесен импорт на вашите контакти и податоци од Excel директно во CRM системот, за да не морате ништо да пишувате рачно од почеток.
Како се врши плаќањето за услугата?
admin2026-03-10T11:26:01+00:00Нудиме транспарентен и флексибилен модел на претплата кој е целосно прилагоден на вашите потреби. Плаќањето се врши со издавање на официјална профактура, која можете да ја подмирите преку вашата банка.
Достапни опции за претплата: Можете да изберете период на закуп кој најмногу му одговара на вашиот буџет:
- 3 месеци Идеално за почеток и тестирање на системот.
- 6 месеци За стабилна организација на вашиот бизнис.
- 12 месеци (Годишна претплата) Најпопуларна опција која доаѓа со дополнителен попуст.
Што е вклучено во цената? Вашата претплата е „all-inclusive“. Тоа значи дека во една сума добивате:
- Премиум Cloud хостинг на нашите LiteSpeed брзи сервери.
- Редовно техничко одржување, ажурирање на системот и автоматски бекап.
- Локална корисничка поддршка.
Без скриени трошоци: Немате потреба од сопствени сервери, ниту пак треба да вработувате ИТ персонал за одржување на системот. Сè е наша грижа.
Дали системот е комплициран за користење?
admin2026-02-12T10:38:11+00:00Екосистем е познат по својот едноставен и чист дизајн. Дополнително, целиот интерфејс е на Македонски јазик. За полесно користење, нашиот Центар за помош нуди детални туторијали и насоки за секој оддел поединечно.
Може ли да издавам професионални фактури и понуди преку Екосистемот?
admin2026-02-12T10:20:55+00:00Да, и тоа со твое лого и бои. Твоите понуди ќе изгледаат професионално, а клиентите ќе можат да ги прифатат со еден клик. Системот автоматски пресметува ДДВ и ги следи плаќањата.
Што ако веќе имам вебсајт? Може ли да се поврзат?
admin2026-02-12T10:25:06+00:00Апсолутно! Твојот постоечки веб-сајт не само што може да се поврзе, туку може целосно да се автоматизира со CRM системот. Како експерти за веб развој, нудиме напредни интеграции кои ќе ти заштедат часови мануелна работа:
- WooCommerce Интеграција: Твојата е-продавница директно комуницира со екосистемот. Секоја нова нарачка автоматски креира профил на клиент, фактура и задача за испорака во системот.
- Facebook & Instagram: Веќе нема потреба рачно да ги преземаш податоците од твоите реклами. Секој што ќе покаже интерес преку формите на Facebook и Instagram, веднаш се појавува како „Потенцијални клиенти“ во екосистемот, подготвен за твојот продажен тим.
- Паметни Контакт Форми: Секој посетител што ќе пополни форма на твојот сајт се евидентира во системот во реално време, со што се елиминира ризикот да заборавиш да одговориш на потенцијален клиент.
Накратко: Твојот веб-сајт станува моќна алатка за генерирање клиенти, а CRM-от се грижи тие податоци да се претворат во успешна продажба.
За какви фирми е наменет овој систем?
admin2026-02-14T20:48:13+00:00Системот е идеален за претпријатија кои сакаат да воведат ред во работењето. Без разлика дали сте услужна дејност, трговија со магацинско работење или градежна фирма, модуларноста на Ecosystem овозможува системот да се прилагоди точно на вашите потреби.
Треба ли да го инсталирам системот на моите компјутери?
admin2026-02-12T10:36:35+00:00Не. Нашиот систем е базиран во „Cloud“. Тоа значи дека му пристапувате преку вашиот веб-прелистувач (Chrome, Safari, Edge) или веб-апликација исто како што пристапувате до вашиот Facebook или e-mail. Сè што ви треба е интернет врска.
Проблеми и решенија
На кого требаше да се јавиме денска?
admin2026-02-12T10:43:29+00:00Решението со Екосистемот: Автоматски потсетници за состаноци, за истечени договори или за неплатени долгови. Ова ја елиминира потребата од 10 телефонски повици дневно само за „да се потсетиме“.
Колку пари ни должат?
admin2026-02-12T10:53:59+00:00Проблемот: Рачното водење евиденција во Excel е „темпирана бомба“. Една згрешена формула или не внесено плаќање значи дека сопственикот нема реална слика за парите. Резултатот е загубено време на пребарување низ мејлови и пораки за да се потврди кој платил, а кој не.
Решението со ecosystem.mk: Наместо да копате по табели, добивате инстант преглед на почетниот екран (Контролна табла). Со еден поглед гледате сè:
- (Платено): Чист прилив на средства.
- (Неплатено): Фактури кои чекаат наплата.
- (Доцнат): Црвен аларм за клиенти кои ги пречекориле роковите.
Системот автоматски ги испраќа фактурите и, што е поважно, автоматски праќа љубезни потсетници пред и по истекот на рокот. Твое е само да ја видиш зелената боја на Контролна табла кога парите ќе легнат.
Колку роба имаме во магацин?
admin2026-02-12T10:55:57+00:00Целосно следење на влез/излез на роба во магацин и поврзување со фактури. Со нашиот систем, магацинот ти е во џеб. Секој влез и излез се бележи во реално време. Кога залихата ќе дојде до критичен минимум, системот те предупредува сам.
Што требаше да сработиме денеска?
admin2026-02-12T10:56:03+00:00Проблемот: Постојано си под стрес и „гасиш пожари“. Забораваш да му се јавиш на важен клиент, или вработените те прашуваат „Што треба сега да работиме?“. Хаосот во главата ти создава стрес дека нешто важно ќе пропуштиш.
Решението: Делегирај задачи со еден клик. Следи го прогресот на секој проект без да прашуваш „До каде сме?“. Кога сè е во системот, главата ти е слободна за стратешки одлуки.
Дали сум во профит или во загуба?
admin2026-02-12T11:03:27+00:00Проблемот: Возење со врзани очи Кога одлуките ги носиш „по чувство“, ти всушност ризикуваш сè. Можеби имаш многу работа, но ако твоите трошоци се високи или ако трошиш премногу време на нископрофитабилни клиенти, ти всушност губиш пари додека работиш. Без точен извештај, не знаеш:
- Кој производ/услуга ти носи најмногу профит?
- Кои се твоите фиксни, а кои варијабилни трошоци месецов?
- Дали воопшто имаш чист профит по плаќање на сите давачки?
Решението со Екосистем:
Екосистем не е само за фактурирање, туку твојот дигитален финансиски советник. Системот автоматски ги пресметува сите влезни и излезни параметри:
- Извештаи за приходи и расходи во реално време: Со еден клик генерираш извештај за тековниот месец. Гледаш точно колку пари влегле и колку излегле за набавки, плати или маркетинг. Разликата е твојот чист плус.
- Report Builder (Графикони на успешност): Наместо суви бројки, добиваш визуелни графикони. Ако линијата на трошоци се приближува до линијата на приходи, системот те предупредува дека мораш да кратиш трошоци или да ја зголемиш продажбата.
- Следење на трошоци по категории: Можеш да ги прикачиш сите сметки и фактури од добавувачи. Така, точно знаеш колку те чини „режијата“ на бизнисот и каде точно истекуваат парите.
- Споредба на приходи наспроти расходи: Системот автоматски ги влече податоците од сите издадени фактури (приходи) и сите внесени трошоци/набавки (расходи). Резултатот е јасна линија: Профит.
- Следење на трошоците: Секоја сметка за струја, кирија или набавка на материјали се внесува во системот. Можете дури и да ги фотографирате фискалните сметки и да ги прикачите.
Ресурси
Како да имате совршен однос со вашиот сметководител (без ниту еден телефонски повик)
Секој претприемач ја знае таа сцена: крај на месецот е, сметководителот ве бара по петти пат за да му ја...
Автоматизација на фактури: Како вашите фактури да се испраќаат сами додека вие пиете кафе
Во светот на бизнисот, времето е единствениот ресурс што не можете да го вратите. Ако сè уште рачно пополнувате податоци...
Како СМС Автоматизацијата во Екосистем го Трансформира Вашиот Бизнис
Во светот на бизнисот, брзината е сè. Ако чекате вашиот клиент да го провери својот е-мејл за да дознае дека...










