Екосистем

Партнерска програма

Помогнете им на вашите клиенти да го дигитализираат својот бизнис со Екоситем - најмоќното ERP и CRM решение во Македонија - и обезбедете си пасивен приход за секоја активна претплата.

20%

Постојана провизија

Придружете ни се | 1000+ клиенти!

За кого е наменета оваа програма?

Сметководствени бироа

Олеснете ја соработката со клиентите преку дигитализација. Вие добивате 20% провизија, додека тие добиваат прецизна контрола врз своите финансии.

Бизнис консултанти

Идеално за професионалци кои помагаат во оптимизација на работните процеси и бараат ефикасен бизнис систем за своите клиенти.

Маркетинг агенции

Обезбедете стабилна техничка основа и брз хостинг на NVMe сервери за веб-страниците и CRM потребите на вашите клиенти.

Фриленсери

Препорачајте го Екоситем како комплетно бизнис решение и заработете 20% од секоја претплата без дополнителен технички ангажман.

Што добивате како Екосистем Партнер?

Партнерска програма

Станете стратешки партнер на Екосистем и трансформирајте го вашето сметководствено биро во дигитален лидер, додека остварувате дополнителни приходи. Нашата програма е создадена за професионалци кои сакаат да им понудат врвна технологија на своите клиенти.

 

Како функционира програмата?

1. Регистрација и Активација

Се регистрирате како официјален партнер на Екоситем. По регистрацијата, добивате пристап до сопствен панел за следење на препораките. Добивате и сопствен линк за препорака. Секој корисник кој ќе се регистрира на Екоситем преку вашиот линк, автоматски се доделува на вашето партнерско портфолио во базата на податоци.

3. Регистрација на клиентот

Штом клиентот ќе се регистрира преку вашиот линк и ќе ја изврши претплата, вие автоматски добивате 20% провизија од нивната наплата. Вашата заработка е чиста, транспарентна и веднаш видлива во вашиот партнерски систем.

2. Препорака на клиентот

Вашата улога како партнер е едноставна - препознајте го потенцијалот за дигитализација кај вашите соработници и насочете ги кон вистинското решение. Ова може да биде преку директен контакт или преку ваш уникатен партнерски линк. Вашите клиенти добиваат моќен и стабилен Екоситем. Нивниот бизнис станува поорганизиран, побрз и дигитализиран со локална поддршка. Вие добивате сигурна и транспарентна провизија од 20% за секоја уплата.

4. Автоматска исплата на провизија

Во моментот кога клиентот ќе ја изврши уплатата, на вашата сметка автоматски се резервираат 20% од износот. Оваа провизија е рекурентна - ја добивате секогаш додека клиентот го користи екосистемот и ја обновува својата претплата.

Често поставувани прашања

Вашата провизија изнесува 20% од секоја уплата на клиентот. Бидејќи годишната претплата за Екоситем изнесува 10.800 ден, вие заработувате 2.160 денари по клиент. Ова е долгорочен пасивен приход кој се исплаќа сè додека клиентот ја обновува својата претплата.

Табела за партнерска заработка

Број на активни клиентиУплата по клиентВаша провизија (20%)Вкупна заработка
1 клиент10.800 ден.2.160 ден.2.160 ден.
10 клиенти108.000 ден.2.160 ден.21.600 ден.
50 клиенти540.000 ден.2.160 ден.108.000 ден.
100 клиенти1.080.000 ден.2.160 ден.216.000 ден.

Провизијата е рекурентна (повторлива). Тоа значи дека заработувате 20% не само при првата регистрација, туку и при секоја следна обнова на претплатата, сè додека клиентот е активен корисник на Екоситем.

Целиот процес е автоматизиран преку вашиот уникатен партнерски линк. Кога клиентот ќе кликне на линкот и ќе се регистрира, системот трајно го поврзува со вашиот профил во нашата Продажна мрежа.

Исплатата се врши по секоја реализирана и потврдена уплата од страна на клиентот. Деталните извештаи за вашите акумулирани средства можете да ги следите во реално време преку вашиот партнерски панел.

Не, учеството во партнерската програма е целосно бесплатно. Нема почетни влогови, скриени трошоци или обврски за минимален број на препорачани клиенти.

Со претплата на Екоситем, вашиот клиент добива комплетно „all-in-one“ решение за дигитализација на својот бизнис.

Главни функционалности:

  • Комплетен ERP & CRM систем - Вклучени се сите модули за управување со бизнисот.
  • Продажба и финансии - Неограничен број клиенти, изработка на понуди, фактури и следење трошоци.
  • Оперативно работење - Магацинско работење, менаџирање проекти, задачи и клиентски портал.
  • Супериорна инфраструктура - Хостинг на ултра-брзи NVMe сервери со LiteSpeed технологија (HTTP/3).
  • Безбедност и доверба - Автоматски 30-дневен бекап и 30 дена бесплатен пробен период за секој нов корисник.


Зошто е ова лесно за препорака?

Клиентот добива професионална инфраструктура и софтвер кој вообичаено чини многу повеќе, додека вие заработувате 2.160 денари чиста провизија од секоја годишна претплата (20% од 10.800 ден.).