client@ecosystem.mk/demo29
staff@ecosystem.mk/demo29
support@ecosystem.mk/demo29

Водич за тестирање на вашето „Екосистем“ демо

Добредојдовте во Екосистем – вашиот нов центар за менаџирање на бизнисот. За да се уверите во моќта на системот, ви предлагаме да го поминете овој краток тест низ три клучни позиции: Администратор, Вработен и Клиент.

За да го тестирате Екосистемот целосно, најдобро е да влезете во сите три различни „улоги“. Ова ќе ви покаже како се движат информациите низ системот и
како функционира секоја улога посебно.

  1. Како Администратор (Целосна контрола)

Како сопственик или менаџер, вие имате преглед на сè што се случува.

  • Контролна табла: Погледнете го графичкиот приказ на финансиите. Дали веднаш ги гледате неплатените фактури и активните проекти?
  • Менаџирање со тим: Пробајте да додадете нов вработен и дефинирајте му што смее, а што не смее да гледа (Дозволи).
  • Извештаи: Проверете ја секцијата за извештаи за да видите како системот автоматски ја пресметува профитабилноста.
  1. Како Вработен (Оператива и продуктивност)

Вашиот тим ќе го користи ова за секојдневните задачи.

  • Работа со клиенти и потенцијални клиенти: Внесете нов потенцијален клиент и поставете му потсетник. Системот сам ќе ве извести кога треба да му се јавите.
  • Проекти и задачи: Креирајте нов проект и додадете задачи. Пробајте го „тајмерот“ за да видите точно колку време се троши на одредена работа.
  • Продажба: Направете понуда или профактура и испратете ја со еден клик. Видете колку е лесно истата да се претвори во фактура откако клиентот ќе ја прифати.
  1. Како ваш Клиент (Корисничко искуство)

Погледнете ја професионалната слика што ја оставате кај вашите соработници.

  • Кориснички портал: Најавете се како клиент и погледнете ја целосната историјата на соработка, проектите и фактурите?
  • Интеракција: Пробајте да прифатите понуда или да поставите коментар на некоја задача директно преку порталот.
  • Поддршка: Отворете „тикет“ за поддршка и видете колку брзо и организирано се решаваат барањата на клиентите.

Зошто да го изберете Екосистем?

1. Сè на едно место

Заборавете на користењето 5 различни апликации за табели,
мејлови, задачи и фактури. Екосистем ги обединува CRM системот,
проектниот менаџмент, финансиите, магацинот и поддршката за клиенти во една единствена,
моќна платформа.

2. Автоматизација која работи за вас

Системот не е само архива – тој е ваш активен асистент:

  • Автоматски потсетници: Самиот испраќа мејлови до клиентите за неплатени фактури.
  • Потсетници за задачи: Вашиот тим добива нотификации за крајни рокови, за да не се
    пропушти ниту еден детаљ.
  • Конверзија со еден клик: Профактурата станува фактура со само еден клик по
    прифаќањето од клиентот.

3. Професионализам пред клиентите

Со Екосистем, вашите клиенти добиваат сопствен Кориснички
портал
. Таму можат во секое време да ги видат своите фактури, да прифаќаат
понуди, да ги следат проектите и да отвораат тикети за поддршка. Ова ниво на
транспарентност гради огромна доверба.