Екосистем

Систем за сметководство

Намалете го мануелното внесување податоци за 70%. Екосистем е моќна ERP платформа која ги поврзува вашите клиенти директно со вашето сметководство - сè во реално време, на еден систем.

30+

Модули за сметководство

-

Придружете ни се | 1000+ клиенти!

Што добивате како Екосистем Партнер?

Партнерска програма

Станете стратешки партнер на Екосистем и трансформирајте го вашето сметководствено биро во дигитален лидер, додека остварувате дополнителни приходи. Нашата програма е создадена за професионалци кои сакаат да им понудат врвна технологија на своите клиенти.

 

Автоматизирано книжење

Фактурите од вашите клиенти автоматски се генерираат во системот. Нема повеќе препишување од хартиени документи во софтверот.

Директна врска со клиентот

Вашите клиенти ги внесуваат своите трошоци и продажба, а вие само ги контролирате и потврдувате во реално време.

Cloud Архива

Кажете им збогум на папките со хартија. Сите договори, фактури и извештаи се безбедно складирани и достапни со еден клик.

Брзи Извештаи

Генерирајте завршни сметки, биланси и даночни извештаи со максимална прецизност и согласно македонската регулатива.

Специфични модули за Сметководители

Сметководство

Целосен контен план, автоматски дневник на книжење и главна книга.

Човечки ресурси (HR)

Пресметка на плати, придонеси и водење евиденција за вработени за сите ваши клиенти.

Трошоци

Лесно следење и одобрување на влезни фактури од клиентите.

Датотеки

Заеднички простор за споделување документи со клиентите без потреба од e-mail или USB.

Зошто Екосистем?

Екосистем е дизајниран да го трансформира вашето сметководствено биро во модерен дигитален центар со тоа што ја елиминира потребата од рачно препишување податоци и физички папки. Преку автоматизација на повторливите задачи и директна врска со вашите клиенти, вие добивате капацитет да опслужите поголем број фирми со ист број на вработени.

Често поставувани прашања

Секако. Секоја фирма-клиент добива свој под-домен или профил каде ги внесува своите податоци, додека вие како сметководител имате администраторски пристап до сите нив.

Да, системот е прилагоден за македонскиот даночен систем и овозможува лесен извоз на потребните извештаи и датотеки за УЈП. Системот подржува и Е-фактури.

Користиме највисоки стандарди за енкрипција и заштита. Податоците се сопственост на клиентот, а пристапот е строго дефиниран според вашите потреби.

Софтверот овозможува клиентите да ги прикачуваат своите влезни фактури и трошоци во реално време преку своите профили. Вие имате моментален увид во нивната состојба, што ја елиминира потребата од чекање на „кеси со документи“ на крајот од месецот.

Да. Можете точно да одредите кој вработен во бирото до кои фирми-клиенти има пристап и какви акции може да презема (само преглед, внесување или финализирање извештаи). Ова гарантира максимална доверливост и организација во тимот.

Екосистем нуди алатки за лесен увоз на постоечките бази на податоци, контни планови и листи на клиенти. Нашиот тим за поддршка ќе ви помогне во процесот на транзиција за да не изгубите ниту еден историски податок.