Без трошоци за имплементација

Целиот ваш бизнис на еден Екосистем.

- 100% CRM - ERP - СМЕТКОВОДСТВО - МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ

100%

Загарантирано

Предности на Cloud решението

Екосистем во облак овозможува флексибилност, скалабилност и безбедност за вашето работење.

 

Максимална безбедност

Заштита на податоците по највисоки стандарди, енкрипција и редовно правење резервни копии (Backup) за ваша сигурност.

Автоматски ажурирања

Секогаш ја користите најновата верзија на софтверот со сите подобрувања и нови функционалности.

Предвидливи трошоци

Eдна претплата вклучува се, без скриени трошоци и без инвестиции во скапи сервери.

Пристап од секаде

Вашите податоци и бизнис процеси се достапни од било кој уред со интернет врска.

Брза имплементација

Нема потреба од чекање на хардверски инсталации - системот е подготвен за работа веднаш.

Заштеда на ресурси

Ние се грижиме за одржувањето на серверите, вие се фокусирате на растот на вашиот бизнис.

Фактури со еден клик

Креирајте професионални PDF фактури со еден клик - испраќајте ги директно до клиентите.

Управувајте и фактурирајте проекти

Следете ги трошоците и времето поминато на задачите за прецизна наплата до клиентите.

Професионални понуди

Креирајте моќни понуди со слики и видеа - и опција за коментари за директна дискусија со клиентите.

Менаџирање со потенцијални клиенти

Организирајте ги вашите потенцијални клиенти преку прегледен Kan Ban систем.

Супериорен систем за поддршка

Ефикасно управување со тикети преку автоматски одговори, доделување задачи на тимот и готови шаблони за брза комуникација.

База на знаење

Креирајте едукативни статии за клиентите и вработените преку напреден едитор.

Детален календар

Добијте јасен преглед на сите настани во компанијата - рокови за фактури, истекување на договори и понуди, како и финални датуми за завршување на задачите на едно место.

Следење на цели

Поставете клучни бизнис цели и следете го нивното остварување во реално време.

Прилагодени полиња

Персонализирајте ги вашите PDF фактури, понуди и договори со дополнителни полиња според потребите на вашиот бизнис.

Брзи извештаи и прегледи

Добијте детален увид во продажбата, приходите по клиент и конверзијата на нови контакти.

Евиденција на трошоци

Целосна контрола врз расходите на вашата компанија. Автоматизирајте ги повторливите трошоци на дневно, неделно или месечно ниво.

Евиденција на плаќања

Примајте и евидентирајте плаќања во различни валути. Системот автоматски генерира PDF потврда веднаш по секоја реализирана уплата.

Екосистем

Фактури и профактури

Креирајте професионални профактури кои клиентите можат да ги прифатат со еден клик, по што системот автоматски ги претвора во фактури. Целиот процес е дигитализиран, овозможувајќи ви лесен експорт на документите за вашето сметководство.

Проекти и задачи

Организирајте го целосното работење на вашата фирма преку проекти со прецизно следење на роковите и потрошеното време. Доделувајте задачи на вработените, прикачувајте документи и следете го напредокот во реално време преку професионални Gantt графикони.

Изработка на електронски потпис
Систем за поддршка

Овозможете им на вашите клиенти врвна грижа. Професионален систем за поддршка со автоматски одговори и доделување задачи на вработени. Со можност клиентите да одговараат на тикети директно преку е-маил.

подршка
Клиентски портал

Управувајте со сите ваши клиенти од една централизирана база. Вашите клиенти можат самостојно да се логираат и да ги прегледаат своите фактури, профактури и договори. Можат да отворат нови тикети за поддршка, со што вашата фирма нуди транспарентна и врвна услуга.

ерп
Потенцијални клиенти

Организирајте ги сите нови контакти и следете ја нивната прогресија низ продажниот систем. Автоматски увезувајте нови клиенти од е-маил или CSV датотеки.

Складирање на фајлови

Чувајте ги сите ваши фајлови и документи на безбедно место во сопствени папки. Секој вработен има свој простор за прикачување кој е организиран и прегледен.

media
Следење на трошоци

Водете прецизна евиденција за сите трошоци на вашата фирма и прикачувајте фискални сметки или фактури за подобра контрола. Системот овозможува автоматско префрлање на трошоците директно во фактура до клиентот доколку станува збор за набавка направена во негово име.

Потсетници за вработените

Поставете важни потсетници за себе или за вашите вработени со известувања преку е-маил. Никогаш не пропуштајте важен состанок или рок во вашата фирма.

Безбедност и Бекап

Вашите податоци се заштитени со крипција на сензитивните информации и автоматски бекап на базата. Системот користи модерни технологии за безбедно ракување со големи бази на податоци.

bezbednost
е-Фактури

Бидејќи во Македонија и регионот преминот кон дигитално работење е веќе стандард, делот за е-фактури е клучен. Подгответе ја вашата фирма со нашиот модул за е-фактури кој во моментов се интегрира за целосна дигитална размена на документи.

e-fakturi
Previous
Next