



Систем за корисничка поддршка
Модулот вклучува:
Брз и стабилен Cloud хостинг.
Целосен пристап до сите функции на модулот.
Бесплатни ажурирања и нови верзии.
Забелешка: Ова е модул за Екосистем. Не е самостојна скрипта. Тој работи во целосна синхронизација со сите останати функции на системот – овозможувајќи ви максимална ефикасност и автоматизација.

Систем за корисничка поддршка
Опис
Системот за корисничка поддршка во рамките на Екосистем е моќна алатка дизајнирана да воспостави ред во комуникацијата со клиентите. Наместо барањата да пристигнуваат хаотично преку телефон, приватни пораки или различни е-маил адреси, сè се канализира на едно професионално место.

За кого е наменет овој систем?
Овој модул е идеален за бизниси кои се соочуваат со секојдневни прашања и барања од корисници, вклучувајќи:
- Е-трговија и продажба: За клиенти кои имаат прашања околу димензии, достава, монтажа или рекламации на производите.
- Технички сервиси и безбедносна опрема: За пријавување на дефекти, барања за сервис на терен или помош при конфигурација на уредите.
- ИТ и хостинг компании: За управување со технички проблеми, миграции на податоци и софтверски инсталации.
- Сметководствени и консултантски бироа: За сигурно препраќање на документи и барања за финансиски извештаи.
Кои се клучните бенефити?
Користењето на овој систем носи неколку стратешки предности за вашиот бизнис:
- Професионалност и доверба
Клиентот добива автоматска потврда со број на билет (ticket ID) веднаш штом го испрати барањето. Ова му дава сигурност дека неговиот предмет е евидентиран и дека некој активно работи на него.
- Ниту едно барање не е изгубено
За разлика од е-маил сандачињата каде пораките лесно можат да се превидат или да завршат во спам, во Екосистем секој билет останува „отворен“ сè додека не се реши. Системот ве потсетува на неодговорени барања.
- Организација по приоритети
Можете да одредите кои проблеми се итни (на пример: дефект на алармен систем), а кои можат да почекаат (на пример: прашање за боја на комода). Тимот секогаш знае на што треба прво да работи.
- Историја на комуникација
Целата преписка со еден клиент е зачувана на едно место. Дури и ако различен вработен го преземе билетот, тој има целосен увид во претходните одговори и решенија, со што се избегнува повторување на исти прашања.
- База на знаење (Упатства)
Најчесто поставуваните прашања од тикетите можете лесно да ги претворите во јавни статии. На тој начин, клиентите можат самите да си помогнат, што го намалува бројот на нови барања до вашиот тим.
Интеграција на вашата веб-страна
Интегрирањето на професионален систем за поддршка директно на вашата веб-страна е клучен чекор кон автоматизација на бизнисот и подобра услуга за клиентите. Со Екосистем, овој процес е брз и ефикасен.
Еве како можете да го најавите и интегрирате системот за билети на вашиот вебсајт:
Интегрирајте го системот за поддршка во неколку чекори
- Директен линк до порталот за клиенти
Наједноставниот начин е додавање на копче „Поддршка“ или „Мој профил“ во менито на вашата страна. Овој линк ќе ги води корисниците директно до нивниот профил, каде што можат веднаш да отворат нов тикет за подршка.
- Користење на веб-формулари
Екосистем овозможува креирање на надворешни форми за билети. Можете да ја вградите оваа форма на посебна страница „Контакт“ или „Пријави проблем“.
- Клиентот ја пополнува формата без да мора да се најавува.
- Системот автоматски креира билет и го доделува на соодветниот оддел.
- Доколку е-маилот на клиентот веќе постои во базата, билетот автоматски се поврзува со неговиот профил.
Зошто да го додадете овој систем на вашиот сајт?
- 24/7 Достапност: Клиентите можат да го пријават својот проблем во било кое време, без да чекаат работно време за телефонски повик.
- Брза дијагностика: Преку формата на сајтот, можете да барате задолжителни информации (број на фактура, модел на производ, слика од дефект), што ви заштедува време при решавањето.
- Автоматизација на оддели: Билетите од веб-страната можат автоматски да се распределуваат – прашањата за мебел кај еден агент, а прашањата за безбедносни камери кај друг.
- Професионален изглед: Вашата компанија изгледа многу посериозно кога нуди структуриран систем за помош наместо само обичен мобилен број.











Критики
Нема критики сеуште.