Во стандардниот shared хостинг (како кај повеќето локални провајдери), вие ги делите ресурсите со стотици други клиенти. Ако нивниот сајт е под напад или има голема посетеност, вашиот сајт страда и станува бавен. Во нашиот Cloud hosting, секој клиент добива дедициран RAM и CPU кои се изолирани. Тоа значи дека вашите ресурси се резервирани само за вас – без влијание од „лоши соседи“.
